- - Компактна камера 16,2 MP CCD Сребрена
- - Големина на сензор на слика: 1/2.3"
- - Оптички зум: 5x Дигитален зум: 20x
- - Откривање на насмевка
- - Најголема брзина на блендата од камерата: 1/1600 s Најмала брзина на блендата од камерата: 4 s ± 2EV (1/3EV step)
- - Снимање видео 1920 x 1080 пиксели Целосно HD
- - HDMI
- - Литиум
Exmor R™ сензор со 16,2 милиони точки, 5x зум, AVCHD Full HD, 3D, LCD екран од 6,7 см, врвен автоматски режим
Напреден Cyber-shot со моќни функции, Full HD видео и 3D снимање
Exmor R™ CMOS сензор со 16.2 ефективни милиони точки: Сензорот со висока ефикасност работи заедно со процесорот BIONZ™ со цел да го намали шумот на сликата за добивање на извонредни слики при слаба осветленост.
Објектив со 5x оптички зум/широк агол од 25мм: Висококвалитетниот објектив за зумирање од Carl Zeiss® покрива широк опсег на ситуации за фотографирање, со широк агол за групни снимки/пејзажи.
Јасно зумирање на слики од 10x: Двојно зголемување на опсегот на зумот до ефикасни 10x, исполнување на кадарот со далечни објекти и истовремено задржување на извонреден квалитет на сликата.
Технологија By Pixel Super Resolution: Интелигентно оптимизирање на деталите и острината за добивање на извонредно реалистични слики - засилување и на ефективната резолуција за снимки со високо зумирање.
Врвен автоматски режим: Лесно постигнете квалитет со DSLR изглед: автоматско прилагодување на поставувањата за извонредни слики со низок шум и висок динамичен опсег.
Технологија за неверојатно висока чувствителност: Ги зголемува можностите за снимање, вклучувајќи ги и условите со недоволна осветленост.
Фокус со следење: Одржувајте прецизен фокус на објектот кој сте го избрале, дури и кога е во движење - така што ѕвездата на вашиот филм секогаш ќе изгледа најдобро.
Уметнички режими за ефекти на слика: Креирајте ефекти "на самиот фото апарат", меѓу кои и фото апарат-играчка, делумни бои, модерни бои, HDR слика, минијатурен ефект, цртеж, водени бои.
Дефокусирање на позадина: Направете слики со професионален стил, со јасни објекти од предната страна и рамномерно заматена позадина, исто како со DSLR фото апаратите.
Брзо континуирано фотографирање: Притиснете го копчето за бленда и замрзнете ги движењата со серија на слики до 10 кадри во секунда.
1080i Full HD видео: Снимање со зум на висококвалитетни Full HD видео записи со едно притиснување на копче и со употреба на AVCHD формат (1920x1080i).
Оптички SteadyShot активен режим (комбиниран со електронска стабилизација): Врши корекција на тресењето на фото апаратот при рачното снимање на видео записи, дури и кога пешачите или зумирате.
Двојно снимање: Притиснете го копчето за бленда и доловете фотографии со висока резолуција при снимање видео.
Интелигентен режим на панорама: Автоматско комбинирање на серија снимки за создавање исклучително широки панорамски слики, дури и кај подвижните објекти во кадарот.
3D режим на панорама: Движете го фото апаратот и снимајте неверојатно широки 3D панорамски слики. Уживајте во прекрасните резултати, или на 2D или на 3D телевизор.
Режим на панорама со висока резолуција: Движете го фото апаратот и снимајте панорами со извонредни детали. Уживајте на вашиот поврзан HD телевизор или вршете зумирање со PLAYSTATION®3.
Движење во повеќе агли: Снимете серија слики за да го видите вашиот објект од различни агли. Погледнете ги на LCD екранот или на HD телевизор со PS3® и PlayMemories Studio.
3D фотографии: Притиснете го копчето за бленда: Cyber-shot™ автоматски создава една 3D слика од два последователни кадри: погледнете ги на 3D телевизор.
6.7см/2.7" Clear Photo LCD екран: LCD екранот со извонредно висок квалитет (резолуција од 460k точки) нуди одлични детали, висок контраст и широк агол на гледање.
HD слајд шоу со музика: Забавно прикажување на снимките со ефекти и музика на LCD или поврзан HD телевизор.
HD излез: Прикажување на видео и фотографии на HD телевизор (потребен е дополнителен кабел): PhotoTV HD за подобрен приказ на компатибилен BRAVIA телевизор.
Откривање на лице: Автоматско прилагодување на фокусот, експозицијата и балансот на белата боја за појасни портрети и приоритет кој се избира за деца/возрасни.
Бленда со функција за насмевка: Автоматско активирање кога некое лице ќе се насмевне: со прилагодување на прагот на насмевка и избор на приоритет за деца/возрасни.
HDR корекција на задното осветлување: Добивање на природни избалансирани резултати со висок контраст при снимање сцени со силно задно осветлување.
Режим на мека кожа: Автоматска доработка на портрети, отстранување дамки и засилување на тонот на кожата за прекрасни лица.
Тајмер за автопортрет: Го одредува точниот кадар при држење на фото апаратот со испружена рака; блендата автоматски се активира за одлични автопортрети.
Rежим за едноставно снимање: Практично ракување за почетниците со големи, лесно читливи упатства на екранот.
Вграден водич во фото апаратот: Добијте совети и информации на екранот во врска со ракувањето на вашиот фото апарат, без прелистување на упатството за употреба.
Ретуширање на фото апаратот: Забавните функции за ретуширање на фотографиите во фото апаратот вклучуваат отсекување, корекција на црвените очи и маска за заматување.
PlayMemories Home: Однапред инсталираниот софтвер го олеснува префрлувањето на сликите на PC за прегледување, уредување, печатење, испраќање преку e-mail, вчитување на интернет и повеќе.
Компатибилност со мемориски картички: Cyber-shot™ поддржува широк опсег на картички, вклучувајќи Memory Stick™ и SD/SDHC - во однос на компатибилноста погледнете ги техничките спецификации.
Sony Cyber-shot WX50 Дигитален компактен фото апарат, 16,2 MP, 4608 x 3456 пиксели, CCD, 5x, Целосно HD, Сребрена
Sony Cyber-shot WX50 Дигитален компактен фото апарат. Тип на камера: Компактна камера, Мегапиксели: 16,2 MP, Големина на сензор на слика: 1/2.3", Тип сензор: CCD, Максимална резолуција на слика: 4608 x 3456 пиксели. Оптички зум: 5x, Дигитален зум: 20x, Опсег на фокусна должина: 4.5 - 22.5 mm. Најголема брзина на блендата од камерата: 1/1600 s. Тип HD: Целосно HD, Максимална видео резолуција: 1920 x 1080 пиксели. Дијагонала на екран: 6,86 cm (2.7"). Тежина: 101 g. Боја на производот: Сребрена