- - Dolby Dual Mono, Dolby Digital
- - Безжична
- - Црн
- - Безжична Bluetooth 4.0
2.1-кан. звучник во вид на лента со безжичен сабвуфер, дигитален засилувач S-Master и ClearAudio+.
Подобрете ги домашните филмови со безжичен звук како во кино
2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови: Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а безжичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега..
Виртуелен опкружувачки звук за врвно кино доживување: Компактниот звучник во вид на лента надополнет со сабвуфер создава виртуелен опкружувачки звук кој ја исполнува просторијата и овозможува потполно ново доживување на филмовите, ТВ емисиите и спортот. Виртуелниот опкружувачки звук го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори за да создаде реалистично тридимензионално звучно поле користејќи ги само левиот и десниот канал за звучници..
Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук: Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето..
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика: Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа..
Тенок дизајн за секоја просторија: Дизајниран за моќен звук за телевизорите со голем екран, овој тенок звучник во вид на лента е висок само 5,1 см (2,0”) и нема да ви пречи при гледањето. Неговиот минималистички стил ќе одговара на вашата просторија, поставен и на маса и на ѕид..
Безжичен вуфер за флексибилно поставување: Засилете ги ниските тонови. Безжичниот сабвуфер од 34,2 см (13,5”) x 17 см (6,7”) нуди длабок бас и поголем простор за звукот кој ќе ја исполни вашата просторија со звук како во кино. Неговиот безжичен дизајн ви овозможува да го поставите каде било во просторијата, а сепак да уживате во моќна филмска музика и звучни ефекти..
Безжично проследување со Bluetooth®: Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации за музика со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овој звучник во вид на лента кој поддржува Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред..
NFC со еден допир за брзо поврзување: Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред..
Повеќе влезови за едноставно поврзување: Големиот број приклучоци ви овозможува да уживате во домашната забава на едноставен начин. Користете оптички кабел за да го поврзете вашиот телевизор, DVD или Blu-ray Disc™ плеер или, пак, поврзете музички плеер по ваш избор преку аналогниот влез и уживајте во одличен звук..
Sony HT-CT180, Dolby Dual Mono, Dolby Digital, 13 cm, Безжична, Одделна, Црн, Безжична
Sony HT-CT180. Аудиодекодер: Dolby Dual Mono, Dolby Digital. Дијаметар на вуферот: 13 cm. Поврзување на подвуферот: Безжична, Локација на подвуфер: Одделна. Боја на производот: Црн. Технологија на поврзување: Безжична